Неформална средба на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ со земјите-кандидати се случува денеска во Софија.
Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, најави дека Брисел ќе ја продлабочи соработката со земјите од регионот и во полето на безбедноста.
-Првата точка на програмата е Западниот Балкан кој е највисокиот приоритет за бугарското претседателство, но и за сите институции на ЕУ. Ова ќе биде прва можност за министрите за надворешни да дискутираат за стратегијата за Западен Балкан која беше претставена минатата недела во Европскиот парламент. Ќе видиме како може да работиме на продлабочување на перспективата за целиот регион, но исто така ќе почнеме да работиме и на подготовка на самитот тука во Софија, изјави Могерини.