685
Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Фредерика Могерини утре ќе ја посети Приштина, а во петок Белград, соопшти Европската комисија.
Могерини во Приштина ќе се сретне со косовскиот премиер Иса Мустафа и со министерот за надворешни работи Хашим Тачи. Во Белград високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност ќе оствари средби со српскиот претседател Томислав Николиќ, премиерот Александар Вучиќ и со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
На претстојните средби предвидено е Могерини да разговара за примената на досега постигнатите договори во дијалогот Белград – Приштина.