Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска излегоа со заедничко соопштение во кое ја поздравуваат одлуката на Уставниот суд и повикуваат Парламентот повторно да се состане и да ги откаже изборите закажани за 5 јуни, за кои, како што велат тие, не биле исполнети условите.
-Партиите, исто така, мора итно да ја адресираат сериозната загриженост за помилувањето на голем број на функционери од претседателот Иванов. Помилувањата од 12 април треба да се поништат, без одлагање, да се зачува принципот на одговорност, и да се спротивстават на сериозната загриженост во врска со неказнивоста и да се избегне селективна правда. Основно демократско начело е дека сите граѓани треба да бидат еднакви пред законот, се вели во соопштението.
Моргерини и Хан ги повикаа сите партии да гарантираат целосна поддршка на Специјалното обвинителство, и да обезбедат непречено функционирање, бидејќи СЈО и неговата работа се централни делови на Договорот од Пржино.