414
Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини во моментов е на средба со лидерите на политичките партии во Македонија. Средбата се одржува во Собранието, каде присуствуваат претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА, БЕСА, и Алијансата на Албанците, заедно со партиските делегации.
По средбата во Собранието, Могерини ќе се упати кон Вила Водно каде ќе ја пречека претседателот Ѓорге Иванов.
Претходно, таа беше на средба со граѓанскиот сектор, а на крајот од денот се очекува да даде изјава во која ќе ги сумира заклучоците во кој правец се движи Македонија.