“Мое тело мој бизнис” – марш на сексуалните работнички во Скопје

by fokus

Марш на „црвените чадори” денеска по деветти пат се одржува во Скопје, по повод Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работнички.

Годишното мото е „Слободниот избор е право, а не привилегија“, а присутните носат и транспаренти како „Мое тело мој бизнис”. Со маршот, сексуалните работници сакаат да покажат дека се под постојана закана од насилство, поради негативната перцепција во општеството за нив.

-Би сакале да ја подигнеме јавната свест за постоењето голем број сексуални работници во Македонија и да ја потенцираме застрашувачката состојба за безбедноста и супстандардните услови во кои што тие живеат и работат. Сексуалните работници остануваат меѓу најмаргинализираните членови на општеството. Креаторите на политики и властите повеќе ги сметаат за непријатна појава што треба да се искорени или за неморални прекршители на законот, отколку за индивидуи кои треба да бидат заштитени од насилство и кои треба да добиваат социјална и економска помош и поддршка- велат од Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР од Скопје, кои се организатори на маршот.

Поврзани новости