Модриќ сака да остане „крал“ до крајот на кариерата

by Fokus

Најдобриот фудбалер на светот Лука Модриќ сака кариерата да ја заврши во неговиот сегашен клуб Реал Мадрид.

– Мојата цел и мојата голема желб е да ја завршам кариера во Реал Мадрид. Тоа би било совршено сценарио. Но, за да се постигне ова, морам да продолжам да работам на највисоко ниво. Тоа не е толку лесно. Оваа сезона, најважното нешто за Реал Мадрид е да го подобриме нивото на играта, бидејќи по сите постигнувања влеговме во тежок период за тимот, истакна Модирќ.

Претходно беше објавено дека од јануари Интер може да биде следна дестинација на Хрватот.

Модриќ во годината што изминува беше прогласен за најдобар фудбалер од УЕФА, ФИФА и ја освои „Златната топка“.

Поврзани новости