„Модерна“ планира да ја продава вакцината за коронавирус за 50 до 60 долари

by Fokus

Фармацевтската компанија Модерна планира да ја продава стандардната доза на вакцина против коронавирус по цена од 50 до 60 американски долари, што е за околу 11 американски долари повеќе од цената на вакцините што ќе ги продаваат „Фајзер“ и „БиоНТех“, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори.

Предложената цена на Модерна е повеќе од 39 американски долари за две дози, сума договорена меѓу „Фајзер“ и германскиот „БиоНТек“ и американската Влада, пишува весникот, истакнувајќи дека Модерна ја држи таа цена за САД и другите побогати земји.

Американската влада и обезбеди на Модерна финансиска поддршка од речиси една милијарда американски долари за поддршка на напорите за истражување и развој за потенцијална вакцина против Ковид-19.

Поврзани новости