Мобилен тим на Општина Валандово ќе пазари наместо постарите и изнемоштени лица

by fokus

Општина Валандово формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица од општината.

-Секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на потребните лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена, со цел да не остварува непосреден контакт со останати луѓе и се изложи на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19 (коронавирус) ќе може да телефонира секој ден од неделата, во секој дел од денот, на следните телефонски броеви:
– 071239849
– 078325978, велат од општина Валандово, кои потсетуваат да бидеме одговорни и да останеме дома.

Поврзани новости