Министерството за Одбрана ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак, ќе бидат преместени на нова локација.
-Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија, велат во соопштението.
Вчера, минисерот за здравство Венко Филипче кажа дека овие 200 луѓе се враќаат во земјава од ризичните подрачја, како Италија и Австрија, и поради тоа треба да бидат ставени во карантин, а претходно најави дека во реновираните простории во Демир Капија од Министерството за труд и социјала, има готов објект за изолација, како истурен дел на инфективните оддели на Штип, Велес и Гостивар.