57
Македонскиот народен театар хуманитарно ќе го одбележи својот 79. роденден со изведба на претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“.
Како што информираат од театарот, средствата од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на Леонид Индов.
Леонид е на лекување во Виена, па откако ФЗО не одобри средства за неговата рехабилитација, по пат на донации хуманите граѓани донираат за да може тој да се ослободи од респираторот и да продолжи со борбата за негово закрепнување.
Тој доживеа тешка несреќа што предизвика сериозна повреда на рбетниот мозок.