442
Откако денеска беа објавени фотографии од оштетената ограда на МНТ, оваа институција се јави се свој став. Според нив, лошата изведба на зградата, но и зачестените градежни активности се причината за ваквите проблеми.
„Со жалење утврдуваме дека фотографиите се од нашиот театар. Од отворањето на објектот во декември 2013 г. па до сега, заради неквалитетна изведба на зградата на МНТ, многу често по обилни врнежи, но и поради градежните работи околу објектот се случуваат оштетувања на оградата, внатрешноста и фасадата на ентериерот и фасадата на МНТ. За сето ова е информирмирано
Министерството за култутра на РМ со кое гледаме да најдеме заедничко решение за надминување на проблемот“, ни порачаа од МНТ.