Министерството за надворешни работи денеска реагира по објавата на медиумите дека презентерката Бесмира Ејупи е предложена за нов генерален конзул во Њујорк.
–Би сакале да реагираме на бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва. Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, се наведува во соопштението на МНР.
Од таму додаваат дека во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.
Ваквата реакција на Министерството следува по бурната реакција на јавноста откако медиумите објавија дека ТВ презентерката Бесмира Ејупи е преложена за нов генерален конзул на Македонија во Њујорк.