МНР: Стотина наши државјани се на безбедно во Авганистан

by fokus

Министерството за надворешни работи попладнево соопшти дека во Авганистан се уште има околу 100 наши државјани, но засега сите се на безбедни локации.

„Според последните информации кои ги добивме, компаниите кои ги ангажираат работниците не се соочуваат со потешкотии и имаат резервирано сопствени летови за евакуација на нивните работници, а дел од нив веќе се префрлени во некои од соседните земји и нивниот трансфер дома не е спорен“, информира МНР.

Во последните 24 часа, на дежурните телефони во МНР се јавиле неколку граѓани кои имаат роднини или пријатели во Авганистан и се интересирале за состојбата таму, но не побарале асистенција за нивно извлекување.

Поврзани новости