МНР со нон-пејпер за конфликтот во Украина: Да надвладее гласот на разумот и да запрат страдањата

by fokus

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, со нон-пејпер, покренува меѓународна акција чија цел е низ контакти луѓе со луѓе да се запознае руското општество со вистинските случувања во Украина и пренесување на пораката дека „народот не е виновен за конфликтите предизвикани од нивните ирационални лидери“.

Документот, што го објави „360 степени“, се испраќа до земји членки на ОБСЕ, на Европската Унија, но и до други држави кои се придружија или самостојно воведоа политички и економски санкции за Русија. Иницијативата е и во функција на идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ.

- Advertisements -

-Одлуката на Кремљ да води војна во Украина е во спротивност со сите основни меѓународни норми, кои го гарантираат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на секоја држава. Народот во Русија треба да биде информиран и свесен за оваа бесмислена и неоправдана агресија, иако пропагандата на нивната Влада е во полн замав, пишува во документот.

Поврзани новости