765
Министерството за надворешни работи за „360 степени“ индиректно ја потврди информацијата дека е прогласен за персона нон грата руски дипломат од Амбасадата на Руската федерација во земјава, што ја објави порталот Алмакос.
Во одговор на нашето прашање, дали минатата недела е протеран заменик военото аташе во Руската амбасада, од МНР ни одговорија:
„Министерството за надворешни работи, во рамките на своите надлежности, ги презема сите соодветни мерки и активности согласно виенската конвенција за дипломатски односи со цел да ја заштити националната безбедност на Република Северна Македонија, како и соодветно да ја заштити улогата и одговорноста на земјава како членка на НАТО алијансата“, велат од МНР за „360 степени“.