МНР: Нема заболени наши граѓани од корона вирус во Италија

by fokus

Министерството за надворешни работи врз основа на информациите добиени од Генералниот конзулат во Венеција соопшти дека до овој момент нема заболени наши граѓани од корона вирусот.

– Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим и Генералниот конзулат во Венеција, редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во овој регион и остварува комуникација со надлежните италијански органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на корона вирусот, велат од МНР.

Од МНР препорачуваат зголемени мерки на претпазливост при патување во реоните Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања, а повеќе информации граѓаните може да добијат на travel.mfa.gov.mk.

Во зафатените италијански региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања престојуваат околу 23.000 државјани на Македонија.

Подетални информации околу развојот на состојбите, тие можат да добијат во Генералниот конзулат во Венеција на дежурниот телефонски број + 39 389 5837913 или е-маил venice@mfa.gov.mk

Според последните информации во Италија се потврдени 159 случаи на заразени лица со коронавирус.

Поврзани новости