МНР: Нема македонски државјани меѓу настраданите во Германија

by fokus

Министерството за надворешни работи соопшти дека со загриженост ги следи состојбите со поплавите во Западна Европа. Според информациите на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во погодените региони, меѓу жртвите нема државјани на Република Северна Македонија.

„Нашите државни конзуларни претставништва стојат на висина на задачата, отворени и во служба на државјаните на Северна Македонија кои живеат во погодените региони. Исто така, МНР е во постојана комуникација со домашните власти во земјите кои доживеа природна катастрофа“, соопштија од МНР.

Во досега невидените поплави во Германија има многу загинати и исчезнати лица, а огромни се и материјалните штети.

 

Поврзани новости