И 24 часа по вчерашната експлозија во Истанбул, Министерството за надворешни работи и нашите претставништва во Турција немаат информации за директно настрадани или повредени македонски државјани во инцидентот, соопшти денеска МНР.
Министерството информира дека по експлозија во Истанбул, преку Генералниот конзулат во Истанбул и Амбасадата во Анкара, е во постојана комуникација и со надлежните органи на Турција и со заинтересираните граѓани од земјава.
– Во меѓувреме една наша државјанка која се наоѓала во близина на инцидентот, пријави во нашиот Конзулат дека индиректно се стекнала со полесни повреди предизвикани од турканиците настанати при оддалечување на луѓето од местото на експлозијата. Информираме дека без поголеми таа е веќе вратена во земјата, информира МНР.