Грчкото министерство за надворешни работи соопшти дека раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа.
Оттаму велат дека македонската владата се враќа на дејствија од минатото кои алудираат на иредентистичко расположение и целосно непознавање на историјата.
„Грчкиот министер за надворешни работи веќе детално ги покрена релевантните прекршувања на своите колеги во Советот за надворешни работи и ќе продолжи да го прави тоа. Дополнително, ова прашање е покренато на меѓународно ниво од страна на грчката влада“, се наведува во соопштението на грчкото МНР.
Се додава дека раководството на Северна Македонија секојдневно се повеќе се оддалечува од добрососедските односи кои го сочинуваат јадрото на европското законодавство и меѓународното право.