МНР на Бугарија вечерва ги осуди вчерашните инциденти пред и на мечот Шкупи – Левски во Скопје

by Fokus

Бугарското Министерство за надворешни работи вечерва соопшти дека остро ги осудува вчерашите инциденти во Скопје, во кои беа повредени бугарски државјани, приврзаници на фудбалскиот клуб „Левски“, а еден од нив беше тешко повреден.

Во соопштението се наведува дека повредениот бугарски државјанин во моментов е во стабилна, но тешка општа состојба и се опоравува по операција во болница во Скопје.

-Изразуваме жалење што позитивниот и спортски дух на натпреварот помеѓу ПФК „Левски“ и ФК „Шкупи“ беше нарушен со акти на агресија надвор од фудбалскиот терен. Очекуваме надлежните органи во Република Северна Македонија да ги преземат неопходните дејства за ефикасна истрага и спроведување на правдата во врска со сериозниот инцидент посочуваат од бугарското МНР

Оттаму уште еднаш ја нагласуваат „клучната важност од преземање ефективни мерки за спречување на вакви акти на агресија и гарантирање на безбедноста на сите граѓани“.

Поврзани новости