Министерството за надворешни работи ќе ја прекине предвидената еднонеделна кампања преку користење веб – банери по сугестијата која дојде од Здружението на новинари на Македонија, иако според МНР има законски можности за ова.
-Ангажирање на агенција за време на претседателството со ОБСЕ претставува редовна работа за секој Претседавач со организацијата, и активностите кои се предвидени не се за пи-ар, туку за организиран пристап кон предизвиците за стратешко комуницирање на земјата како земја – претседавач со најголемата регионална безбедносна организација.
Покрај Стратешкото комуницирање, ангажирањето на Агенцијата во најголем дел се однесува за поддршка на Министерскиот совет, комплексен проект кој предвидува организирано присуство и активности на над 70 делегации од целиот свет, кои се очекува да бидат предводени на највисоко дипломатско ниво, на ниво на Министри за надворешни работи.
Во рамките на првите денови од преземање на претседателството, беа привремено постави веб банери, кои се од информативно-едукативен карактер и преку истите на ниеден начин не се промовира ниту министерството ниту неговата работа, соопшти МНР.
ЗНМ реагираше дека со кампањата од 100 илјади евра МНР ги корумпира медиумите.