МНР: Изјавата на Каракачанов е прилика за сличен контра-одговор и создавање непријател

by fokus

Изјавата е извонредна прилика за сличен контра – одговор и создавање на врзан негативен круг што ќе не’ оддалечи едни од други и ќе создава непријателство, наместо пријателство, реагираат од македонското Министерство за надворешни работи на денешната закана упатена од Каракачанов дека македонскиот јазик не постои и дека изјави како на премиерот Заев за изучувањето на македонскио јазик може да ја одалечат Македонија од НАТО и ЕУ.

-Потпишавме договор за пријателство и ќе градиме пријателство, но тоа подразбира меѓусебно разбирање, почит и грижа за интересите на соседот. Република Македонија и понатаму ќе продолжи со својата проактивна, конструктивна и добрососедска политика, во духот и на потпишаниот Договор со Бугарија и на европските вредности по кои се водат двете земји, се вели во реакцијата на македонското МНР испратена до Канал 5.

 

Поврзани новости