432
Министерството за надворешни работи го осуди синоќешниот инцидент со палење на македонското знаме во Гњилане и Пеќ, откако вчера беа изречени пресудите за случајот „Диво насеље“.
– МНР изразува жалење и осуда на вчерашниот чин на палење на македонското знаме од страна на припадници на навивачки групи во Пеќ и Гњилане, Република Косово. Очекуваме дека надлежните косовски служби ќе преземат активности за утврдување на одговорноста на сторителите – се наведува во реакцијата на МНР до МИА.