377
Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најстрого го осудува вандалскиот чин кој се случи денес, 12 октомври во Охрид, со кој е искршена таблата на неодамна отворениот клуб.
Потсетуваме дека според Уставот, и според долгогодишната пракса во земјава, сите граѓани на Република Северна Македонија имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања. Ги повикуваме сите надлежни институции да преземат соодветни мерки за овозможување на непречено исполнување на сите со Устав и закон загарантирани човечки и граѓански права и слободи.