Министерството за надворешни работи во одговор за ТВ21 ги отфрли како невистинити тврдењата дека овој владин ресор се снабдува со нафтени деривати од компанијата Лукоил, за што министерот Бујар Османи синоќа на Кликплус изјави дека ја финансира руската армија.
Денеска во јавноста, но и генералниот секретар на Движењето БЕСА, Аријанит Хоџа го обвини Османи дека ресорот со кој раководи има контрадикторни ставови, алудирајќи дека МНР со нафта го снабдува руска компанија притоа изјавувајќи дека ја осудува руската агресија во Украина.
Од МНР велат дека објавените фотографии се стари и оти нафтата ја снабдува локална компанија.
-Министерството за надворешни работи нема актуелен договор за набавка на нафтени деривати со Лукоил, туку со локална компанија за трговија со нафтени деривати.
Фотографиите кои се презентираат во јавноста се однесуваат на стариот договор кој истече минатото лето.
-Извештајот за руските компании во земјава е дел од активностите што државата ги презема поради руската воена агресија во Русија над Украина, а овој извештај ќе продолжи се додека трае агресијата, се вели во одговорот на МНР.