Министерството за надворешни работи соопшти дека денес до Државната комисија за спречување на корупцијата и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Скопје дека ги доставило документите од тендерската постапка во која е измбрана фирмата „Еуровиа“ да врши преадаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“ за министерстката конференција на ОБСЕ во Скопје.
-Во оваа прилика, Министерството апелира до надлежните институции да придадат посебно значење и приоритет на овој предметн, имајќи ги предвид импликациите кои се предизвикани со бројните шпекулации кои се појавија во јавноста, соопшти МНР.
Од МНР велат дека нема нерегуларности во постапката, неопходна за успешно одржување на најголемиот меѓународен политички настан во Скопје, во рамки на Претседавањето на земјата со ОБСЕ.
-Заради економично и ефикасно алоцирање на буџетот, условот за избор на најповолен понудувач беше најниска цена по прецизно дефинирани работи и ниво на квалитет на изведба. Од четирите понудувачи, избраната компанија имаше далеку најконкурентна понудена цена согласно очекуваните количини предвидени во техничката спецификација, односно: избраниот изведувач Еуровиа – 93.746.070 денари, второрангираната 120.668.981 денари, треторангирана 134.015.461 денари и четврторангирана 374.353.297 денари, соопшти МНР.
Фирмата Еуровиа која го доби тендерот за преадаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“ е во сопственост на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот министер од ДУИ, Абдулаќим Адеми. Фирмата е на листата најголеми донатори на ДУИ.