Заклетвата на новата претседателка на државата, Гордана Силјановска Давкова, без да се спомене целосното уставно име на државата, предизвика реакција од Министерството за надворешни работи на земјава. Од таму велат дека двете земји, односно Северна Македонија и Грција, седум години по ред развиваат високо ниво на политички дијалог и ги повикуваат сите политички актери да го задржат овој евроатлантски курс, почитувајќи го уставното име на државата.
-Во текот на изминатите седум години, двете соседни земји развија исклучително високо ниво на политички дијалог, што резултираше со повеќекратно зголемување на економската соработка и градење позитивни односи меѓу граѓаните. Апелираме на внимателност од сите политички чинители, особено од избраните државни функционери. Одржувањето на евроатлантскиот курс на земјата е основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата“, велат од МНР.