МНР демантира дека повлечениот амбасадор сексуално вознемирувал, ама не кажува што правел

by fokus

Од МНР дека велат повлекувањето на досегашниот амбасадор во Јапонија било спроведено во редовна постапка, согласно законските прописи и внатрешните уредби во Министерството за надворешни работи и со почитување на сите процедури.

-Во оваа прилика дозволете да информираме дека Комисијата во рамките на Министерството, како причини за повлекувањето на амбасадорот констатираше причини кои не се совпаѓаат со нападите изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници. Со пласирањето шпекулации и непроверени наводи кои не се потврдени, се нанесува лична штета кон човекот, кон неговото семејство, и неговите блиски; со ова однесување ВМРО-ДПМНЕ не само што го изгуби човечкиот компас, туку и директно ѝ нанесува штета на дипломатијата и на односите со пријателска земја како што е Јапонија, велат од МНР.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ претходно објави дека амабсадорот во два наврати бил пријавен за сексуално вознемирување.

Поврзани новости