МНР да ја осигура безбедноста на македонските членови на ОБСЕ во Украина

by fokus

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина и го задолжи Министерството за надворешни работи во координација со надлежните институции да ги преземе сите потребни мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Северна Македонија при Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на редовниот брифинг со новинарите, вчера информираше дека 30 наши набљудувачи се ангажирани во рамки на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, кои се со посебна позиција поради тоа што Северна Македонија, заедно со Шведска и Полска е дел од тројката претседавачи со Организацијата.

Османи денеска телефонски разговарал со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид за актуелната ситуација во и околу Украина и важноста од почитување на меѓународното право и неповредливоста на границите.

Поврзани новости