375
Министерството за надворешни работи денеска преку писмено соопштение информираше дека продолжуваат со напорите за извлекување на брачниот пар македонски државјани кој е заглавен во Газа, откако не успеа да ја премине границата со Египет.
Од Министерството велат дека двете Амбасади на Република Северна Македонија во Каиро и во Тел Авив се во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и на Израел со цел евакуација на брачниот пар.
Тие, како што информираат од МНР се наоѓаат во Газа, поточно во градот Кан Јунес, на 12 километри од граничниот премин „Рафах“ на границата со Египет.
„Парот е сместен во болница на Црвената полумесечина и во моментот е на безбедно“, велат од МНР.