МНР бара од шпанската полиција потврда дали почесниот конзул во Барселона е под истрага за убиство

by fokus

Министерството за надворешни работи на Македонија побарало верификација на информациите објавени во шпанските медиуми за апсењето на почесниот конзул на Македонија во Барселона, Марио Деус, обвинет за убиство на двете деца.

МНР барало информации од шпанските министерства за внатрешни и надворешни работи на Шпанија.

„По добивање на соодветни информации, ќе бидат разгледани опциите за одземање, односно задржување на неговиот статус Почесен конзул на РМ во Кралството Шпанија“, велат од МНР за ТВ 24.

Викендов шпанските медиуми објавија дека Деус е уапсен во Јужна Африка и дека е обвинет по две точки за убиство и кражба на автомобил и наскоро ќе се појави во суд.

На интернет страната на МНР за Марио Сезар Деус пишува дека за почесен конзул на Македонија во Барселона е назначен на 6 декември 2012 година.

Поврзани новости