МНР: Амбасадата на Република Србија не извести дека персоналот е повикан на консултации во Белград

by Fokus

Министерството за надрворешни работи на Република Македонија денеска доби нота од амбасадата на Република Србија во Скопје, со која сме известени дека персоналот на Амбасадата е повикан на консултации во Белград, соопштија вечерва од МНР.

– МНР на Република Македонија не е запознаена со причините за оваа одлука и во тој правец воспоставува комуникација со МНР на Република Србија во насока на утврдување на причините за оваа постапка. Согласно релевантните одредби на Виенската Конвенција за Дипломатски Односи, соодветните институции на Република Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на амбасадата на Република Србија во Скопје – се наведува во соопштението.

Поврзани новости