594
Со 55 гласа „против“ и 53 гласа „за“, во Собранието беше отфрлена интерпелацијата за вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кое донесе жестока политичка дебата меѓу пратениците на власта и опозицијата.
Откако беше исцрпена листата на пратеници кои требаше да говорат, Џафери најави дека последен ќе се обрати Димитров.
По неговото обраќање, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески во процедурална забелешка бараше да говорат уште двајца опозициски пратеници, но тоа Џафери не го дозволи.