Репрезентацијата на Шпанија го освои Европското првенство откако во финалето ја совлада Англија со 2:1.
„Фуријата“ по четврти пат го освои европското злато, па сега е осамена на првото место, откако до сега таа позиција ја делеше со Германците, кои трипати беа шампиони на стариот континент.
Шпанците покажаа најмногу на овој шампионат, а столбот на тимот беа млади ѕвезди како Нико Вилијамс и Ламине Јамал. Шпанија пред неколку години важеше за една од најсилните фудбалски сили, особено онаа што се памети кога двапати по ред го освоија Европското првенство, а измеѓу и Светското првенство. Не само во фудбалот, Шпанците доминираат и во другите спортови, особено во кошарката, тенисот и ватерполото.
Шпанеците направија нешто сосема друго и се свртеа кон сосема поинаков систем кој секој треба да го применува. Луис де ла Фуенте го замени Луис Енрике како главен тренер. Тој е некој кој најдобро го познава култот на репрезентацијата, бидејќи на чело на репрезентацијата е од 2013 година, од најмладата единица до А селекцијата што сега ја води.
Нешто што секој треба да го практикува е тој систем за избор на селектор.
Де ла Фуенте водеше многу репрезентативци низ помладите селекции и јасно знае кој што може и на која позиција и како да извлече максимум од секоја.
Од 2013 до 2019 година беше селектор на У19 Шпанија, потоа од 2018 до 2022 година У21 накратко ја водеше У23, а од 2023 година стана селектор на А селекцијата. Тој помина низ цел процес, градејќи се себеси и тоа резултираше со успех.
Прво ја освои Лигата на нации, а сега и Европското првенство. Се очекува оваа селекција на Шпанија да доминира уште долги години.