Во Тиквешијата, „рамо до рамо“ со граѓаните попладнево беа генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски и претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески, во рамки на теренските активности на партијата „Рамо до рамо, до победа“.
„Граѓаните на Тиквешијата, Ваташа, Кавадарци, многу добро знаат дека СДСМ секогаш е на вистинската страна на историјата, а како наследници на партизаните од НОБ врз кои почива македонската држава и во минатото и денеска тоа на дело го покажала.
Многу жртви се дале за се она што сме денеска. Споменот на тие жртви не обврзува сите нас да ја обезбедиме македонската иднина во Европа, да бидеме рамноправни на европската маса и да создадеме општество на сигурност, безбедност и благосостојба, за никогаш повеќе да не се повторат нови негирања, ниту пак нови жртви“, порача генералниот секретар Зечевиќ на масовна маалска средба со граѓаните на Ваташа.