Многу топло време со температури над 40 степени, дожд дури во недела

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена. УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во наредните денови, продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Поврзани новости