До крајот на денов во нашата држава ќе имаме претежно сончево и топло време. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 18 степени.
Потоа до сабота ќе се задржи стабилно, суво и натпросечно топло време. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат значително повисоки од нормалните, особено утре кога ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.
Промена на времето ќе имаме во сабота навечер и во текот на ноќта кон недела како и во недела. Ќе има нови врнежи од дожд и снег на планините како и опаѓање на температурите на воздухот, врнежите ќе продолжат и во понеделник кога ќе има уште пониски температури на воздухот. Тогаш услови за врнежи од снег ќе има и на помала надморска височина а на повисоките места и на планините ќе се формира нова снежна покривка.
Подготви: Славчо Попоски