597
Постојат „фундаментални противречности“ во разговорите за ставање крај на руската инвазија врз Украина, но компромисот е можен, изјави денеска членот на украинската делегација и помошник на претседателот, Михаило Подољак.
„Ќе продолжиме утре. Многу тежок преговарачки процес. Има суштински противречности. Но, секако, има простор за компромис“, напиша Подољак на Твитер.