Многу тешко се соработуваше со семејството на починатиот за организација на погребот и контактите, рече Филипче

by Fokus

Епидемиолозите имале тешкотија да стапат во контакт со семејството на починатиот скопјанец, за кој посмртно беше добиен позитивен резултат на ковид-19.

Како што кажа на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, епидемиолозите се соочувале со сериозни проблеми на терен, особено во делот на прибирање податоци.

„Многу тешко се пристапи до семејството, како за организација на чинот на погребот, откако се доби резултат на починатиот дека е позитивен на ковид-19, па сѐ до давањето на контактите на тие луѓе кои биле присутни на самиот чин на погребот“, рече Филипче.

 

Поврзани новости