Македонската фудбалска репрезентација ги запиша и вториот пораз на својот настап на ЕП, а овојпат беше подобра селекцијата на Украина (2-1).
По крајно лошото полувреме, кога Украина постигна два гола за пет минути преку Јармоленко и Јаремчук, Македонија заигра мошне подобро во второто полувреме.
Откако Пандев беше фаулиран во шеснаесетникот, Алиоски погоди во 54-та минута, иако од белата точка беше непрецизен.
Со влегувањето на Трајковски и Чурлинов, македонската селекција заигра многу поофанзивно, но Бушчан на неколкупати прекрасно интервенираше. Во 84-та минута беше досуден пенал за Украина, а Столе Димитриевски беше на висина на задачата, откако го одбрани ударот на Малиновски.
Сега нашата репрезентација треба да верува во чудо за да го продолжи настапот на ЕП и по својот трет натпревар кој се игра за четири дена. Холандија треба да изгуби од Австрија, а ние да ги победиме „лалињата“.