488
Во Собранието на Македонија денеска треба да се одржи 77. пленарна седница со единствена точка на дневниот ред Интерпелација за работата на претседателот на Парламентот Талат Џафери.
Прв процедурално се обрати Џафери кој го објасни текот на оваа седница.
Тој посочи и дека многупати го имаат обвинето дека Интерпелациите ги држи во фиока.
„Да бидам јасен, тие прашања не се однесуваат на мене туку до постапката затоа и денеска е предлог на дневен ред да биде единствена точка Интерпелацијата“, порача Џафери.