456
Пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска ги осуди вчерашните обвинувања на пратеникот Драган Ковачки кон министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
Според неа, веќе втор пат по ред пратеничките прашања завршуваат со груб атак, навреди кон жена, омаловажување и недостојни инсинуации од страна на опозиционер.
-Многу „јаки“ мажи овие вмровциве. Не знам што е во прашање, дали се докажуваат кој е поголемо мажиште или едноставно нивнито вистинско лице излегува на виделина, но очигледно волкот си го менува влакното, но не и навиките“, истакна Лазаревска.