Пандемијата со Ковид-19 ја урна глобалната економија, па затоа Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува дека бруто домашенниот производ (БДП) ќе падне за 4,9 проценти оваа година, Светска банка (СБ) за 5,2 проценти, а Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за 6 проценти.
Руската сметководствена комора во прогнозата на светскиот БДП наведува дека до крајот на оваа година, рецесијата во глобалната економија ќе биде најдлабока во последните 80 години.Во извештајот на Сметководната комора се наведува дека се уште се неизвесни шансите за глобалната економија поради состојбата со Ковид-19.
Во вториот квартал, финансиските институции започнаа да ги влошуваат своите прогнози не само за оваа година, туку и за следната.Поминаа само неколку месеци од почетокот на пандемијата, а ММФ веќе предвидува пад на глобалниот БДП од 4,9 проценти оваа година, додека во претходната прогноза, таа бројка беше три проценти.Во последната криза во 2009 година, која го зафати целиот свет, падот беше 2,1 процент.Прогнозите на ММФ за следната година исто така не се оптимистички.Тие предвидуваат раст на БДП од 5,4 проценти.Така, на крајот на следната година глобалниот БДП ќе биде за 6,5 проценти понизок отколку што се очекуваше во јануари.