627
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска објави дека е подготвен да мобилизира 1.000 милијарди американски долари заеми за земји што тешко се справуваат со епидемијата на новиот коронавирус.
– Аргумент во прилог на координиран и синхронизиран глобален фискален поттик јакне од час во час, изјави извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева.
ММФ посочува дека тие во моментот имаат 400 активни аранжмани во вредност од околу 200 милијарди американски долари.
Кога станува збор за најсиромашните земји во светот, тие потенцираат дека можат веднаш со итно отпишување на дел од долгот, „кој ќе ослободи клучни ресурси за трошење во здравството, сузбивање (вируси) и ублажување (епидемија)“.