Од денес на вашата омилена „весникара“ е првиот машки магазин на овие простори – М магазин. Вести, мода, стил, нега, здравје, фитнес, исхрана, девојки, секс, патувања, култура, познати личности, интервјуа, кариера, блогови, спорт, забава… сè на едно место, за мажи.
Во пријатна и забавна атмосфера во ресторанот Воденица во Скопје, во присуство на голем број еминентни гости беше промовиран првиот машки магазин на овие простори ММагазин. Вистинско освежување на македонското медиумско небо, проблесок низ темните облаци на офаа сфера, кој треба да донесе еден нов новинарски пристап. Да зачекори во некои поинакви простори и видици.
Ова е мошне храбар чекор во време кога ваквите изданија поради напливот на дигиталната технологија полека го губат здивот. Истражувањата велат дека луѓето се повеќе губат доверба во веродостојноста на содржините на социјалните мрежи. Се вели дека тие за „добар совет“ сè повеќе враќаат на печатените медиуми, оставајќи социјалните мрежа само за „инстатнт забава“.
А ние имаме што да понудиме, посебно за мажите кои посакуваат добар совет од стилист, моден креатор, фитнес инструктор, лекар… Посакуваат да прочитаат за својот омилен спортски клуб, за некој добар филм, театарска претстава… како да ја импресионираат понежната страна, како да препознаат добро вино – да направат сами добро јадење…
А, да не заборавиме дека за нив во секој момент тука е светот на автомобилите, мотоциклите, технологиите спакувани во симболот на куќата – Авто Плус, исто дел од списанието, кој е производ на Куќата веќе 25 години. Затоа, верувајте ние ја знаеме формулата. Имаме тим за нови високи достигнувања.., потенцира првиот човек на ММагазин (Машки Магазин), Виктор Кошевалиски. – Oва е само нашиот прв чекор, допрва ќе видите што се можеме и умееме да ви понудиме!