Млечните производи и макароните поевтини од 4 до 10 денари

by Фокус

Производителите и трговците на млечни производи и увозниците на тестенини ја исполнија обврската и ги намалија цените на млечните производи за 10 проценти, а на макароните за 15 проценти.

Големите маркети уште синоќа низ системот ги испратиле новите ценовници, а рано утринава во трговијата беа сменети цените на производите на рафтовите.

Кравјите сирења може да се најдат од 285 до 329 денари за килограм. Поевтинети се и овчите сирења и кашкавали, а макароните се продаваат по цени пониски од 4 до 6 денари.

Економските министри веќе неколку дена го најавуваат ова намалување како дел на мерките на Владата за сузбивање на високата инфлација и подигнување на семејниот стандард на граѓаните.

Пазарната инспекција најави контроли, a министерот за економија Крешник Бектеши најави дека сѐ уште се прават анализи дали ќе има замрзнување на цената на останатите основни производи.

Поврзани новости