Младоженци на 60. јубилејна Галичка свадба се Оливер Андреевски и Елисавета Булоска

by Fokus

Галичник кој се наоѓа на падините на планината Бистра и годинава ќе биде домаќин на традиционалната манифестација Галичка свадба.  Оливер Андреевски и Елисавета Булоска се годинешните зет и невеста на јубилејното 60-то издание на Галичка свадба, која ќе се одржи од 14 до 16 јули.

„Во Галичник почна нашата љубов со Оливер и драго ми е што ќе ја овековечиме таму. И многу сме среќни и тука сме еден за друг да се поддржиме“, рече Елисавета.

Потекло од Галичник има младоженецот, од каде што потекнуваат и неговите предци.

„Јас имам потекло од Галичник, невестата има потекло од Охрид. Веќе пет години се знаеме и цело време ѝ зборувам за Галичник. И така се одлучивме да се пријавиме да учествуваме и со голема желба, љубов и почит кон нашите предци да учествуваме на свадбата заедно со нашите семејства и да се венчаме токму во Галичник со сите обичаи“, изјави Андреевски.

 

Поврзани новости