Младо момче избодено до смрт во центарот на Прилеп

by Fokus

Свирепо убиство се случило вечерва во центарот на Прилеп, објави локалниот портал „Маркукуле“.

Според информациите на медиумот, група на млади луѓе најпрво физички нападнале, а потоа и со нож избоделе младо момче пред деветтокатница во градот.

– Според информациите од очевидци, момчето потоа се обидело да побегне и паднало пред поранешен хотел `Скопје`, каде и починало. Засега не е познат идентитетот на момчето, само се знае дека има имало околу 15-16 години и дека е од ромска припадност – објави порталот.

Засега нема потврда за настанот од МВР.

Поврзани новости