Младите од ВМРО-ДПМНЕ нацртаа 4.108 црни срца за починатите од Ковид-19

by fokus

Младите од ВМРО-ДПМНЕ денес на кејот на Вардар во Скопје цртаа илјадници срца, со спреј во црна боја, како потсетник, како што велат на починатите од ковид-19 во земјава.

Според Филип Ѓоѓшиев од ВМРО-ДПМНЕ, во оваа герила-акција нацртани се 4.108 срца, колку што изнесуваше до вчера бројката на смртни случаи во земјава од почетокот на епидемијата.

„Уште колку македонски срца ќе треба да престанат да бијат за министерот Венко Филипче да почувствува одговорност и грам сочувство со илјадниците мајки, татковци, синови и ќерки кои ги изгубија своите најмили чекајќи вакцини, чекајќи слободни кревети, поевтини лекови и соодветна терапија за да бидат излекувани од ковид-19“, рече Ѓорѓиев.

Поврзани новости