Младите не ја напуштаат државата само поради финансиите, смета министерот Маричиќ

by Fokus

Министерот за правда, Бојан Маричиќ смета дека, кога граѓаните се сомневаат во функционирањето на столбовите на државата, последиците се катастрофални.

– Нашите млади не ја напуштаат државата единствено од финансиски причини, тие ја напуштаат државата бидејќи сметаат дека институциите не функционираат и дека тоа нема да се промени. Алармот одамна е вклучен, додаде Маричиќ.

Кога граѓаните ќе веруваат во одлуките на судовите и обвинителствата и кога тие вистински ќе бидат независни, како што истакна Маричиќ, тогаш тие ќе може и најдобро да ја вршат својата функција и да ја контролираат подобро извршната и локалната власт, ќе може да воспостават еднаквост пред законот.

Поврзани новости